Осомничените за атентатот врз претседателот на Хаити обучувани во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, беше убиен во неговиот дом на 7 јули, а осомничените колумбиски платеници, кои сега се наоѓаат во затвор, осомничени за убиството на претседателот на Хаити, учествувале во воени обуки на САД.

„Истрагата е во тек, нема да дадеме повеќе детали во овој момент“, рече полковникот Кен Хофман.

Според Пентагон, Секретаријатот за одбрана организира обуки за илјадници војници од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите секоја година.

Шефот на полицијата на Хаити, Леон Чарлс изјави дека 18 Колумбијци биле уапсени во врска со атентатот врз претседателот.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не сака воено да интервенира во ситуацијата на Хаити, но дека САД ќе испратат војници да ја чуваат амбасадата. Хаитиските власти побараа американски војници да дојдат во земјата, а истото барање беше испратено и до Обединетите нации.

 

Слични содржини