ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ: Одреден притвор за негувателките кои малтретираа старица

од Nikola Popovski

Основното обвинителство во Пеќ им одредило едномесечен притвор на трите медицински сестри кои ја малтретираа и тепаа старицата во старскиот дом „Оренда“, јавува „Кљан Косова“.

Притворот обвинетите ќе го поминат во затворот во Липљан.

На видеото кое во средата се појави во јавноста, се гледа како медицинската сестра Аурона Пељај удира и тепа беспомошна старица, како и уште две медицински сестри Алтина Реџепи и Ремзије Куќи кои го снимиле целиот настан и не ѝ помогнале на старицата.

Главната обвинета во полиција изјавила дека тоа го направила во самоодбрана.

Слични содржини