Остатоците од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

од Stefanija Kuzmanovska

Остатоците од најголемата кинеска ракета Long March 5B паднаа во Индискиот океан во близина на Малдивите, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата, пренесуваат кинеските државни медиуми.

Делови од ракетата повторно влегоа во атмосферата во 10 часот и 24 минути по време на Пекинг и паднаа во Индискиот океан југозападно од Индија и Шри Ланка. Повеќето остатоци изгореа во атмосферата.

Ракетата Long March 5B беше лансирана на 29 април од кинескиот остров Хаинан, а во неа се наоѓаше беспилотниот модул Тијанхе, кој содржи она што ќе стане простор за живеење на постојаната кинеска вселенска станица.

Ова не е прв пат Кина да изгуби контрола над вселенското летало при враќањето на Земјата. Во април 2018 година, вселенската лабораторија Тиангонг-1 се распадна при минување низ атмосферата две години откако престана да работи. Кинеските власти тогаш негираа дека изгубиле контрола над лабораторијата.

Слични содржини