Остри казни за силувачите: Кастрација за оние кои обљубиле деца помлади од 14 години

од Aleksandar Petrovski
140 прегледи

Пратениците во сојузната нигериска држава, Кадуна, го одобрија законот, кој предвидува хируршка кастрација како казна за лицата осудени за силување деца на возраст под 14 години.

Предлог-законот допрва треба да биде потпишан од гувернерот на земјата, Насир Ахмад ал-Руфаи, за да стапи во сила.

Тој претходно ја поддржуваше кастрацијата со цел да ги спречи силувачите да повторуваат такви дела, потсетува Би-Би-Си.

Одлуката за одобрување на нацрт-законот уследи по негодувањето на јавноста поради бранот силување, што доведе до гувернери на државите во Нигерија да прогласат вонредна состојба.

Според нигерискиот федерален закон, казните за силување деца се движат помеѓу 14 години и доживотен затвор, но пратениците во државите можат да донесат различни правила за изрекување казна.

Слични содржини