Азиската држава Филипини се состои од малку над 7.000 острови, а само 700 од нив се населени.
Тоа значи дека илјадници острови со неверојатна природа се речиси недопрени од луѓето.
Едно такво небесно место е островот Алибижабан (Alibijaban или Alibihaban), кој се наоѓа во провинцијата Кесон . Островот е убаво и мирно место каде може да сте сами, да се релаксирате и да уживате во природните убавини кои ве опкружуваат.
Алибижабан е оддалечен на 9 часа од Манила – главниот град на Филипините. Од оваа причина туристите кои сакаат да го посетат, најдобро треба да тргнат кон 22:00 или 23:00 часот, па да пристигнат на островот во раните утрински часови следниот ден.
Водата е примамлива и погодна за плажа.Со помош на лодкар островот може да се обиколи и разгледа од сите страни.
За да бидете сигурни дека Алибижабан е како вистински рај во срцето на провинцијата Кесон, едноставно посетете ја нашата галерија .