Остварен голем напредок во целта повеќе од 40 милиони возрасни пушачи да се префрлат на производи без чад до 2025 година

од Vladimir Zorba

Филип Морис Интернешнл (ФМИ) го објави својот прв Интегриран извештај за 2019 година кој дава преглед на работата и перформансот на компанијата во областа на екологијата, општествената одговорност и корпоративното управување, како и нејзиниот напредок кон иднина без чад. Извештајот го вклучува и амбициозниот план да повеќе од 40 милиони возрасни пушачи се префрлат на производи без чад до 2025 година.
Интегрираниот извештај за 2019 година дава целокупен преглед како ФМИ ги фокусира своите ресурси на развој, научно истражување и одговорно комерцијализирање на производи без чад, кои се подобар избор од континуираното пушење, со цел целосна замена на цигарите што е можно поскоро. Филип Морис смета дека со адекватна регулатива и поддршка од граѓанското општество, продажбата на цигари во многу земји може да заврши во следните 10 до 15 години.

“Уште во 2016 година откако ја објавивме нашата визија на иднина без чад, постигнавме огромен напредок во однос на организациските способности, интеграцијата на одржливоста во секој аспект на нашата трансформација и нашиот бизнис”, изјави Андре Каланѕопулос, главен извршен директор на ФМИ. “Целта на ФМИ ја потврдува нашата заложба да испорачаме иднина без чад во корист на луѓето кои инаку би продолжиле да пушат и оттука, и на глобалното јавно здравје. Нам ни е јасно дека најголемото позитивно влијание што може да го има нашата компанија врз општеството е да ги замени цигарите со помалку штетни алтернативи; ова е суштината на нашата корпоративна стратегија и се прв наш приоритет за одржливост, заедно со напредокот и во другите области,” вели Каланѕопулос.

Некои од клучните индикатори на Интегрираниот извештај покажуваат дека на крајот на 2019 година, во светот имало околу 9,7 милиони корисници кои престанале да пушат и се префрлиле на IQOS (ајкос), производ без чад, кој не го гори, туку го загрева тутунот. Бројот на корисници постојано се зголемува, каде бројките од првото тромесечје покажуваат дека има 10,6 милиони возрасни пушачи во светот кои веќе престанале да пушат и се префрлиле на овој производ. Понатаму, Филип Морис лансираше програми за превенција на пристап на младите до тутунските производи, прво на најголемите пазари, а до 2023 година има за цел 100 проценти од своето портфолио на електронски уреди без чад да бидат опремени со технологија за верификација на возраста на корисниците.

Визијата на ФМИ за иднина без чад е глобална и инклузивна и има цел да се обезбеди пристап до подобри алтернативи за сите возрасни пушачи ширум светот.

Филип Морис Интернешнл: за Иднина без тутунски чад. Филип Морис Интернешнл (ФМИ) ја води трансформацијата на тутунската индустрија кон иднина без чад и на крајот да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, општеството, компанијата и нејзините акционери. ФМИ гради иднина базирана на нова категорија производи без чад, кои, иако не се без ризик, се многу подобар избор отколку да се продолжи со пушење. Портфолиото на производи без тутунски чад на ФМИ вклучува производи кои не го горат, туку го загреваат тутунот и содржат никотин. За повеќе информации, посетете ја http://www.pmi.com и www.pmiscience.com.

Слични содржини