Осуденик физички нападнал затворски полицаец додека му ја пребарувал собата

од desk4
101 прегледи

Осуденик во скопскиот затвор физички нападнал затворски полицаец при претрес на затворска соба. Настанот се случил вчера околу 09:30 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 14:30 часот. По целосно расчистување на инцидентот, ќе следува соодветна пријава. Нападнатиот полицаец се здобил со повреди и му била укажана медицинска помош. Надлежните работат на целосно расветлување на случајот.