Осуденик од затвор измамил жена за 600 евра

од Nikola Popovski
43 прегледи

Осуденик додека бил во затвор, измамил жена за 600 евра, стои во полицискиот билтен. Добил помош и од соучесничка во измамата.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против А.М.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“.

-Пријавениот, во текот на ноември 2024 година, додека бил на издржување затворска казна, измамил 46 – годишна жена од струмичко село за сума од 600 евра.

Имено, пријавениот ѝ се јавил и претставувајќи се лажно ја довел во заблуда дека нејзината почината мајка имала долг во фирмата во која претходно работела и дека М.А. ќе мора да го подмири долгот за да не биде отпуштена од нејзиното работно место. Второпријавената пак, му помагала на првопријавениот при вршење на кривичното дело, велат од полицијата.

Слични содржини