Осудениот фармацевт, кој ја зголемил цената на лековите за 35 пати, со понуда до властите: Дајте ми лабораторија и ќе најдам лек за коронавирусот (видео)

од Nikola Popovski

Мартин Шкрели, кој станал  познат како „Фарма Бро“ откако масовно ја зголемил цената на лековите кои спасуваат животи, побарал да биде пуштен од затвор за да може да работи на лечењето на коронавирусот.

Шкрели (37) во моментов издржува казна затвор од седум години за осуда за измама со хартии од вредност по измама на инвеститори во фондови за хеџ што ги управувал пред да влезе во фармацевтската индустрија.

Но, во научното списание објавено на веб-страницата „Просперо Фармацевтски производи“, Шкрели побара „кратко“ тримесечно ослободување од федералниот затвор во Аленвуд, Пенсилванија, за да може да ги испита потенцијалните лекови за КОВИД- 19 , болест предизвикана од коронавирус.

https://www.youtube.com/watch?v=sUOqLzOppOo&feature=emb_title

„Барам кратко излегување од затвор (3 месеци) за да помогнам со мојата истражувачка работа за коронавирусот, напиша Шкрели и продолжува: „Да се биде ослободен во пост-корона свет не е утеха дури ни за затворениците”.

Шкрели ги отфрлил напорите на фармацевтската индустрија да пронајде лек како неадекватни и себе си смета за еден од ретките раководители со искуство во сите аспекти во развојот на лекови.

„Одговорот на индустријата на КОВИД-19 е неадекватен”, напишал тој. “Сите биофармацевтски компании треба да одговорат со сите ресурси во борбата против оваа здравствена опасност. Донациите на овие вредни компании не одат доволно далеку”.

„Медицинските хемичари, структурните биолози, ензимолозите и одделите за развој и истражување на биологија во секоја фармацевтска компанија треба да работат сè додека КОВИД- 19 не исчезне.“

Адвокатот на Шкрели, Бенџамин Брафман, рекол дека ќе поднесе формално барање за Шкрели да може да ги врши своите истражувања во лабораторија под строг надзор.

„Господинот Шкрели подготвил предлог за истражување на коронавирусот кој точно може да им помогне на научниците и лекарите подобро да сфатат како да се носат со коронавирусот кој убива многу луѓе”, рекол Брафман.

Слични содржини