Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

од Vladimir Zorba
19 прегледи

На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод.

Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата Девич – Грешница, во општина Чешиново и Облешево – село Теранци, општина Јегуновце – меѓу селата Рогачево и Јажинце и во општина Сопиште – село Св.Петка.