Осум автобуси и комбиња биле технички неисправни, шест од нив имале проблем со сопирачките

од Nikola Popovski
245 прегледи

МВР информира дека на територија на СВР Тетово биле санкционирани 8 автобуси и комбиња поради техничка неисправност на возилата, при што 6 од нив имале неисправни сопирачки.

-Денеска (1.12.2021) од 8 до 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници , претежно автобуси и комбиња.При контролата откриени и санкционирани се вкупно осум неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5).Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 1(ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед.

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни орекршоци ТЕ-2 и ГВ-2), соопштија од полицијата.

Слични содржини