Ковид 19 полека се повлекува од неколку града во земјава. Денеска за прв пат по 2 септември лани во земјава нема регистриран смртен случај како последица од ковид во 24 часа, соопштија од Министерството за здравство.
Од министерството за здравство велат дека вирусот е далеку од победен.
-Оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, велат од МЗ.
Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран се без ниту еден заразен случај.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5 471, а бројот на активни случаи изнесува 437.