Осум лица од Македонија, Србија и Бугарија приведени во Скопје и Кочани поради снимање со дрон за време на протестите

од Даниел Ѓорѓиевски
98 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека на 18 март 2025 година во Полициската станица Центар во Скопје биле повикани на службен разговор седум лица, откако биле затекнати како управуваат дронови без претходно најавување на активноста.

Според полицискиот билтен, станува збор за С.М. (34) од Сопиште, Ј.С. (24) од Кочани, Е.Ш. (43) од Скопје, Ј.П. (28) од Скопје, М.Д. (45) од Скопје, М.Ј. (36) од село Гершиан, Битолско, и М.Ѓ. (51) од Република Србија. Тие биле затекнати како управуваат дронови за време на јавниот собир на плоштад „Македонија“ во Скопје, без соодветна дозвола од надлежните институции.

Во исто време, во 19:00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го привеле А.Д. (38) од Република Бугарија, кој исто така бил затекнат како управува и снима со дрон без потребното одобрение.

По спроведените службени разговори, сите лица биле ослободени, а надлежните институции ќе продолжат со проверка на околностите во кои се случиле овие активности.

Слични содржини