Осум намирници кои ви помагаат подобро да се одморите

од Stefanija Kuzmanovska

Познато е дека жолтото овошје има многу придобивки, но малкумина знаат дека тајната на добриот одмор се крие во бананите.

Имено, Sleep Charity Foundation од Велика Британија објави совети за оние кои се надеваат на подобар ноќен одмор и откри дека јадењето банана непосредно пред спиење навистина помага во тоа.

Ова е благодарение на високото ниво на магнезиум и калиум кои ги содржат бананите, а кои делуваат релаксирачки на мускулите. А тука е и триптофанот, кој помага да се смири мозокот.

Според тоа, бананите делуваат слично како мелатонин, кој многу луѓе ширум светот го користат за подобар одмор. Фондацијата исто така советува да јадете и други овошја кои нудат високо ниво на мелатонин, како што се грозје, цреши и јагоди.

Освен овие магични плодови, истражувањето на Фондацијата покажало дека за спиење можат да помогнат и бадемите, рибата, интегралните житарки и овесните колачи со сирење.

Експертите за спиење, исто така, предлагаат да јадете само лесни оброци и да избегнувате зачинета храна, чоколадо и храна со висок процент на јаглени хидрати.

Заедно со правилната исхрана, Фондацијата советува да се намали времето поминато пред екранот и да се зголемат релаксирачките активности како читање или медитација, пишува The Post.

Слични содржини