Осум од 10 Данци земаат државни пари

од desk2
87 прегледи

Големо мнозинство Данци над 18 години примаат некаква форма на државни пари, открива најновиот извештај.

Поддршка од државата може да се добие во форма на помош за дете, студентски грантови, државна пензија, ппишува весникот Jyllands-Posten.

Фискалната конзервативна партија Либерална алијанса го нарече социјалниот систем на државата „чудовиште“, додека Социјал-демократите го сметаат за систем кој овозможува еднаков живот за Данците.

Речиси 3.5 милиони луѓе во Данска примаат некакви пари од државата, за пто се обезбедени 40 милијарди евра кои заминуваат во опптините и граѓаните во 2015 година, според анализите на Cepos тинк-тенк организацијата, која користела податоци од данската статистика.

Дури 78,6 отсто од сите Данци според овој систем ќе примат минимум една исплата во текот на оваа година.
Според Либералната партија ова е преголема бројка.

„Парите од државата се добри, но ќе биде подобро ако помалку луѓе се зависни од државни пари“, вели нивниот портпарол.

Бројот на луѓе кои се водат како невработени се намаи последните години, се додава во извештајот.
Но, зголемен е бројот на студенти кои добиваат државни грантови или поддршка за домување, но сепак соодносот на оние кои примаат еднаш годишно или повеќепати државни пари е релативно стабилен, покажуваат анализите

„Направивме чудовиште. Во 1960-тите, кога настана експанзија на социјалниот систем за поддршка во државата, и тогаш да ги прашавте и социјалдемократите дали е тоа добро, ќе одмавнеа со главата“, вели портпаролот на либералите.

Актуелната портпаролка на социјалдемократите вели дека не е изненадена од броката колку луѓе земаат државни пари.

„Создадовме универзален модел за добросостојба, во кој 90 отсто плаќаат за 90 отсто од популацијата. Но, тоа не е целта. Целта е еднакви можности. Социјалниот систем заедно со даночниот систем овозможуваат еднакво да ги редистрибуираме парите“, вели таа.

Конзервативците сметаат дека системот е бирократски и скап, а другите сметаат дека е неопходно тој систем да ги поддржува Данците.