Осум осомничени за престрелката во Чаир, по три лица полицијата трага

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје наредило да се спроведе истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.

Државното Јавно обвинителство информира дека постапка е поведена и за уште две лица „за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело“, затоа што по настанот сокриле два пиштола, помагајќи им на дел од осомничените да не бидат откриени.

-На критичниот ден, на паркинг на улицата „Втора македонска бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиниката Чаир, започнала оружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени, исто така, директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката, сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент, соопшти ЈОРСМ.

Надлежниот јавен обвинител предложил мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – помагање на сторител по извршено кривично дело.

-По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот, наведува Обвинителството.

Слични содржини