Како што претходно објави 1ТВ, притвор од 30 дена повторно доби поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поради опасност да се даде од бегство и да влијае врз сведоци. Неговиот адвокат Еленко Миланов за 1ТВ вели дека ќе поднесат жалба.
107
Од кривичниот суд за 1ТВ информираат дека вечерва судија на претходна постапка доделил осум притворски решенија од 30 дена за: М.Ј., А.Ј., М.Ј., Е.Р., Д.Д., В.С., Д.М. и лицето Л.С. додека мерки за претпазливост за Б.Д. и С.К., информираат од судот додавајќи дека странките имаат право на жалба.
