Осум загинати во бегство од полицијата на југот од Албанија

од Симе Стоиков

Осум лица, меѓу кои се сомнева дека седум се мигранти, загинаа во сообраќајна несреќа во јужна Албанија во вторникот во утринските часови.

До несреќата дошло откако се обиделе да побегнат од полицијата, соопштија властите, а пренесува француската агенција АФП.

Несреќата се случила откако возачот, Албанец по националност, изгубил контрола над автомобилот во близина на јужниот албански град Пермет, на само неколку километри од границата со Грција.

Властите соопштија дека полициска патрола се обидела да го запре возилото за проверка кога возачот дополнително го забрзал автомобилот со кој управувал.

Автомобилот потоа излегол од патот и паднал во реката Вјоса, соопшти полицијата. Се додава дека и патниците во возилото само што ја преминале границата меѓу Грција и Албанија.

Слични содржини