140
Неодолива напивка идеална за тропските летни денови.
СОСТОЈКИ:
лимон
кисела вода
јагоди
парчиња лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете класична лимонада со неколку лимони, но наместо обична користете кисела вода. Излејте во калапи за мраз и оставете да замрзне.
Кога ќе се претвори во ледени коцки, ставете ги во блендер, па додајте јагоди. Изблендирајте додека не добиете глатка и течна смеса, а по желба додајте и шеќер.
Оваа напивка треба да биде малку погуста од класичната лимонада. Ставете во чаша и украсете со парчиња лимон.