Отец Пимен за бадникарските огнови: Само литургискиот начин на празнување не води директно во верата

од Nikola Popovski

За жал верата знае да биде измешана со традицијата и секогаш е поинтересно да се направи нешто што е врзано со некоја традиција, а да се оддалечуваме од суштината. На нас како свештенство на МПЦ е да повикуваме кој е вистинскиот начин на празнување и само литургискиот е оној што не води правилно во верата. Се надвор од литургијата е еден фолклор кој дополнително ги оптеретува верниците. Доколку се опомене на тоа дека треба да се откажеме од некоја форма, наидуваме на отпор бидејќи го имаме оној момент што го нарекуваме кај нас „шубе“, вели митрополитот Европски при МПЦ-ОА, отец Пимен за палењето на бадникарските огнови.

Според него, „луѓето измислуваат лажни авторитети за да се задржат на формата, отколку на суштината на верата“.

-Ние сме спремни секогаш да укажуваме на тоа. Најлесен начин е да се откажеме и да тера народот како што сака. И по цена на нашите животи ако треба, ние треба секогаш да бидеме спремни да се држиме во суштината на верата, а да не им удоволуваме на народот – да бидеме добри по човечки однос, но да ја заборавиме теологијата во нас, рече отецот во вестите на Тв Сител.

Слични содржини