Турција нема да добие безвизен режим со ЕУ – Не, со смртната казна во најава

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

Еврокомесарот за дигиталната економија и општество Гинтер Отингер изјави дека Евртопската унија нема да и даде право на Турција за безвизно патување во земјите од Алијансата во текот на оваа година, како што предвидуваше договорот за ограничување на миграцијата, поради репресиите по осуетениот воен преврат. SUB-TURKEYPRESS1-master675

Околу 20.000 припадници на полицијата, вработени во администрацијата, правосудството и војската беа приведени или отпуштени по неуспешниот пуч во Турција во ноќта во петокот спроти саботата, јави БТА.

– Предлог-законот за укинување на визите за турските граѓани е предмет на расправа во Европскиот парламент. Но мојата прогноза е дека нема да има одлука за безвизно патување до крајот на годината, истакна Отингер, кој е сојузник на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Смртната пресуда е некомпатибилна со нашите вредности и договори. Ниту една земја не може да стане членка на ЕУ, ако воведе смртна казна, нагласи Отингер

Слични содржини