Мултимилијардерот Елон Маск, новиот сопственик на популарната социјална мрежа „Твитер“, го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Сега, Маск се обидува да го натера Трамп повторно да се активира на Твитер. Маск со последната објава се потруди да ја изрази својата имагинација. Тој на својот профил сподели провокативна фотографија со цитат од Библијата.
And lead us not into temptation … pic.twitter.com/8qNOXzwXS9
— Elon Musk (@elonmusk) November 21, 2022
„И не не воведувај во искушение…“, напиша тој со фотографија на која се гледа како човек се моли за да не падне во искушението пред него.
Својата верзија на објавата Маск ја дополни со логото на Твитер, кое го постави на задникот на жена, додека на мажот кој се моли напиша „Доналд Трамп“.
Коментарите под објавата само се нижеа. Некои продолжија да се шегуваат како Маск, додека други истакнаа дека неговата објава е несоодветна.
Потсетуваме, на Трамп му беше забранет пристапот на Твитер на 6 јануари минатата година кога неговите поддржувачи ја нападнаа зградата на Конгресот. На прашањето дали планира да се врати на Твитер, тој кратко одговори дека „не гледа причина за тоа“.