
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу си поднесе оставка по негативните ефекти од ненадејната најава за воведување дводневен полициски час за спречување на пандемијата од коронавирус.
Сојлу во 21 часот во петокот објави дека ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од полноќ таа вечер до полноќ во недела, предизвикувајќи паника кај граѓаните кои масовно се упатиле кон продавниците, пренесе Франс прес.
„Нека ми прости нашата земја, која никогаш не сум посакал да ја повредам, и нашиот претседател, кого ќе му бидам верен целиот живот. Ја напуштам функцијата министер за внатрешни работи, што ја имав честа да ја извршувам“, напиша Сојлу.
Во Турција скоро 57.000 луѓе се заболени со коронавирус, од кои 1.198 починале.