Веќе е јасна политиката на Србија .Откако прогласија братство со Грција и лојалност и послушност кон Русија сега Белград никој не може да го запре со провокации. Најновата е од Ивица Дачиќ мегафонот на српската надворешна политика.
Како министерот за надворешни работи на Србија ,по повод реакцијата на Македонија по неговата оценка за признавањето на името на државата, Дачиќ изјави дека официјален Белград ќе се однесува на ист начин како што Скопје ќе се однесува спрема Србија, објавија Вечерње новости. Тој со заканувачки тон вели:
– Повеќепати на македонските официјални лица им порачав – како вашата држава ќе се однесува во меѓународната политичка арена и организации кон Србија, така ќе се однесуваме и ние спрема вас, изјави Дачиќ за тој весник.
Српскиот шеф на дипломатијата додава дека „не сака да ја шири понатаму приказната на таа тема“.