Откажан „историскиот меч“ меѓу Фјури и Усик

од Nikola Popovski
234 прегледи

Боксерскиот меч за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик е откажан. Причината е тоа што Британецот има расекотина на лицето, поради што мора да мирува барем две недели.

Боксерскиот спектакл требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад.

Наводно, Фјури се здобил со расекотина во близина на окото поради која ќе бидат потребни конци и нема да може да се подготви навреме за мечот.

„Виновник“ за повредата на Тајсон е Агрон Смакиќи, хрватски борец со албанско потекло и негов спаринг партнер.

Смакиќи со години спарингува со најдобрите светски тешкаши, а неговиот Инстаграм профил покажува дека претходно го подготвувал и Ентони Џошуа за некои мечеви.

Овој пат Агрон му бил спаринг партнер на Тајсон Фјури и се чини дека „малку претерал“ при подготовката и помагањето на Британецот за атак на шампионските појаси.

Фјури и Усик требаше да се борат за титулите во ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ верзиите. Борбата беше „тешка“ 100 милиони фунти, а многу љубители на боксот ја опишаа како најголемата на овој век.

Слични содржини