Откажана бугарска театарска комедија во Македонија

од Nikola Popovski
194 прегледи

Бугарската театарска комедија „Вражалец“ која на почетокот на февруари требаше да ја воодушеви публиката во три македонски градови, нема да се одржи.

Гостувањето на едни од најпопуларните бугарски театарски актери беше иницирано и финансирано од фондацијата „Бугарска меморија“ и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а требаше да се одржи на 1, 2 и 3 февруари во Битола, Штип и Струмица.

„Вчера попладне во рок од неколку минути добивме две известувања од театрите во Штип и Струмица за еднострано раскинување на договорите за настанот, поради технички проблеми поврзани  со електричниот систем, кровната конструкција и греењето кои не дозволуваат настанот да се одржи таму. Контактиравме и со битолскиот театар, од каде не добивме експлицитно позитивен одговор дека претставата може да се одржи според планираното. Така, за жал, претставата „Вражалец“ не може да се види во Северна Македонија“, велат од тимот на фондацијата „Бугарска меморија“.

Додаваат дека се непоколебливи во нивната желба да ги израдуваат луѓето во Северна Македонија со посета на бугарскиот театар останува и ќе направат сè што е можно за да ја реализираат идејата на следната фаза.

Основач на фондацијата е филантропот Милен Врабевски, познат во земјава по финансирањето на бугарските клубови „Ванчо Михајлов” во Битола и „Цар Борис Трети” во Охрид.

Слични содржини