Откажана средба за пописот на секретарите од партиите на Албанците

од Берта Китинска
164 прегледи

Средбата на секретарите на политичките партии ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива која требаше денеска да се одржи, беше откажана.

„Поради непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии (Алијанса за Албанците и Aлтернатива) на средбата за координација околу ПОПИСОТ 2021, денешната средба на секретарите на албанските политички партии во Република Северна Македонија е откажана,“ се вели во информацијата од ДУИ.

За во 13 часот во Клубот на пратеници е закажана средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Според нашите информации на денешната тет-а-тет средба ќе се разговара за одложување на пописот.

Иако се шпекулираше дека на маса ќе биде и прашањето за евентуална широка коалиција, информациите велат дека нема да има друга тема на разговор меѓу двајцата лидери.