
Откриен дел од генетската тајна на суперсилниот лепак кој пајаците го користат за да ја фатат жртвата во стапица.
Досега научниците знаеја дека „мрежата“ се базира на сложен полимер на сахароза кој се нарекува гликопротеин, но немаа апсолутно никаква идеја како оваа суперлеплива молекула ја извршува својата функција, а камоли кои гени се одговорни за тоа.
Омер Чореш и неговите колеги од Универзитетот во Вајоминг се на чекор да ја одгатнат мистеријата.
Тие извлекле од рибонуклеинска киселина клетки од тајните жлезди на пајакот (од родот Nephila) и ја користеле, за да создадат дополнителни ДНК секвенци и да ги идентификуваат гените поврзани со формирањето на лепливаата материја.
Тие откриле дека гликопротеинот се произведува од два одделни протеини со подеднакво долги синџири на аминокиселини (110), кои, се чини, се кодирани во гените на спротивниот синџир на горенаведената ДНК секвенци.
Чореш е убеден дека ако успеат да ги клонирани предметните гени, ќе можат да создадат целосно нов тип биолепак што еден ден ќе се користи за производство на различни хируршки материи.