Откриен гробот на праисториските Ромео и Јулија стар 5.000 години

од desk2
175 прегледи

Гроб стар 5.000 години пронајден е во подрачјето Караганда во Казахстан, а во него се погребани праисториските љубовници Ромео и Јулија.

Во непосредна близина на овој древен љубовен пар, погребани се и два коња, кои, како што се верува, биле жртвувани, велат археолозите, а пренесува „Daily Mail“.

Покрај посмртните остатоци на мажот, се наоѓаат метални предмети и врв од стрела, а веднаш покрај него, во истата положба, пронајден е и скелет од жена погребана со накит, вклучувајќи и зелена нараквица, украсена со полу скапоцени камења.

Археологот Кукушкин рече дека постојат неразјаснети работи во врска со овој однос, но и со смртта на погребаниот пар.

Според неговите зборови, тоа што овие две тела се наоѓаат во ист гроб, едно до друго, не претставува реткост во ова подрачје, но останува отворено прашањето како е погребана втората личност.

Се поставува и прашањето дали тие беа маж и жена, или само љубовници, откако починаа во многу краток временски интервал, еден по друг, рече археологот.

Досегашните истражувања покажуваат дека нема траги на насилство, но утврдено е дека коњите се убиени.