Калифорниската компанија SpaceX, на Елон Маск, соопшти дека јапонскиот милијардер Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот светски приватен патник за пат околу Месечината на ракета со кодно име BFR.

„Избрав да патувам на Месечината“, вели тој, а објави BBC.
Мисијата е планирана за 2023 година, и ќе биде прва посета на месечината по мисијата Аполо 17 во 1972 година.
Маск претходните денови на твитер најави дека првиот патник ќе биде Јапонец.
Маезава лани стигна во медиумите како човек кој ја купи сликата на Жан Мишел Баскијат за 110,5 милиони долари на аукција во Њујорк. Аукцијата траеше 10 минути.
Hanging out with @yousuck2020 before the @SpaceX moon mission announcement pic.twitter.com/RTOwutzMtG
— Elon Musk (@elonmusk) September 18, 2018
Тој најави дека на првиот приватен лет во 2023 година ќе му се придружат шест до осум уметници.
„Ќе бидат замолени да направат нешто кога ќе се вратиме на Земјата. Тие дела ќе ги инспирираат сонувачите“, вели тој.
До сега само 24 лица биле на Месечината, а сите биле Американци.
Ракетата е замислена како меѓупланетарен борд за праќање луше во вселената, BFR (Big Falcon Rocket) е ракетен систем темелен на комбинација од ракета и вселенски брод наречен BFS – Big Falcon Spaceship.
Маск лани најави дека главната ракета ќе биде опремена со 31 главни Raptor мотор и дека ќе може во првата фаза да пренесува 150 тони товар во Земјината орбита, а во втората 100 патници на Марс.