ОТКРИЕН НОВ ВИД НА КОРОНА: Има најголем број мутации досега

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Африканските здравствени власти откриле нова варијанта на коронавирусот кај патник кој патувал од Танзанија во Ангола.

Африканскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) објави дека варијантата има околу 40 мутации, што е најголем број на мутации забележани досега.

Лидерот на ЦДЦ, Џон Нкасенонг, на прес-конференција во четвртокот рече дека „тоа е секако варијанта што предизвикува загриженост“.

Танзанија не објавува податоци за инфицирани со коронавирусот, така што варијантата не може да се следи.

Нкенгасонг рече дека сè уште не е познато дали постојните вакцини ќе бидат ефикасни против таа варијанта на вирусот.

Тој предупреди дека Африка е на пат кон третиот бран на пандемијата на ковид-19.

Британските и јужноафриканските варијанти на вирусот се потврдени во 18 африкански земји, според ЦДЦ.

 

Слични содржини