Научниците од Универзитетот А&М во Тексас тврдат дека откриле нова варијанта на коронавирусот, а првото истражување сугерира дека тој е позаразен од претходно познатите видови, што предизвикува потешка клиничка слика и се чини дека е отпорен на антитела. Овој вид бил именуван како БВ-1 според местото каде што бил откриен за прв пат, а тоа е долината Бразос.
Мутацијата е пронајдена за време на рутински скрининг на коронавирус во Тексас преку примерок од плунка кај еден млад студент кој имал лесни симптоми слични на настинка. Студентот бил позитивен на ковид на 5 март и повторно позитивен на 25 март, покажувајќи дека новиот вид може да предизвика подолга инфекција кај помладите луѓе. Симптомите исчезнаа до 2 април, а третиот тест на 9 април конечно бил негативен.
„Во моментов не знаеме многу за значењето на оваа варијанта, но таа има комбинација на мутациите слични на другите досега пријавени загрижувачки видови“, рече главниот вирусолог од А&М во Тексас, Бен Њуман, додавајќи дека варијантата има комбинација на мутации слични како кај бразилскиот и јужноафриканскиот вид.
„Оваа варијанта комбинира генетски маркери одделно поврзани со брзо ширење, посериозна клиничка слика и висока отпорност на неутрализирачки антитела.