353
Слаткарите од кралскиот двор на профилот на Инстаграм објавија видео од рецептот за омилените божикни колачи со цимет на кралското семејство.
Потребни состојки:
360 гр шеќер во прав
85 гр белки
20 мл сок од лимон
300 гр мелени бадеми
115 гр кандирано овошје
1/2 исецкан лимон
12 гр мелен цимет
Малку каранфилче
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот, белките и лимоновиот сок. Една третина од смесата тргнете настрана за глазура. Во остатокот додадете ги другите состојки, замесете тесто па рассукајте го со дебелина од околу 1 сантиметар.
Завиткајте во фолија како ролат и изладете во фрижидер. Рассуканото тесто развлечете го на маса и со калапи вадете форми од него.