Откриен споменик во чест на загинатите во акцијата во „Диво насеље”: „Херои кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе“

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Денеска беше откриено Спомен обележјето во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”.

„Никогаш нема да се заборави оној кобен мај 2015 година, кога осуммината припадници на МВР овде, во Куманово, го покажаа врвот на патриотизмот, жртвувајќи ги своите животи во вооружениот терористички напад во „Диво насеље“. Ништо не е исто после тој ден, за семејствата, за другарите и колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување чии припадници беа.

Бидејќи болката никој не може да ја залечи, а длабоката почит кон нив останува засекогаш. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се нашите херои кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе.

Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации. Споменот на нашите херои никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно – нека им е вечна слава!“, сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој присуствуваше на настанот.

Слични содржини