Откриен уште еден нов вид на коронавирус со потенцијално ОПАСНИ МУТАЦИИ

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Уште еден вид коронавирус со потенцијално загрижувачки пакет мутации е откриен во Велика Британија, велат експертите.

Оваа варијанта, позната како Б1525, е предмет на извештај на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои велат дека е откриена со геномско секвенционирање во 10 земји, вклучувајќи ги Данска, САД и Австралија, додека 32 случаи се откриени во Велика Британија досега. Најраните случаи беа откриени во декември, а се појавија во Велика Британија и Нигерија, пишува „Гардијан“.

Тимот вели дека варијантата има сличности во својот геном со Кентовата варијантата , Б117 и содржи голем број мутации што ги загрижуваат истражувачите, вклучително и мутација на Е484К протеинот на „шилецот“- протеин пронајден од надворешната страна на вирусот кој игра важна улога во помагање на вирусот да влезе во клетките.

Оваа мутација E484K е присутна во соевите што се појавија во Јужна Африка и Бразил и се смета дека го прави вирусот поспособен да избегне неутрализирачки антитела на организмот.

Д-р Сајмон Кларк, вонреден професор по клеточна микробиологија на Универзитетот во Ридинг, рече дека иако не е јасно каков ефект можат да имаат многу мутации врз способноста на коронавирусот да воспостави инфекција или врз сериозноста на болеста, присуството на мутација E484K кај јужноафриканската варијанта покажа дека му пружа степен на отпорност на вирусот на некои вакцини.

– Сè уште не знаеме колку оваа (нова) варијанта ќе се прошири, но ако е успешна, може да се претпостави дека имунитетот добиен од каква било вакцина или претходна инфекција ќе биде послаб – рече тој.

Кларк додаде дека новата варијанта треба да биде дел од новите тестови со цел да се најдат сите варијанти кои загрижуваат.

Слични содржини