Откриена е нова мутација на ковид 19 во Индија

од Берта Китинска
357 прегледи

Индиското Министерство за здравство денес објави дека во таа земја е откриен нов вид на коронавирус, меѓу многу други видови што предизвикуваат загриженост, а се пронајдени во странство.

„Иако во Индија се откриени други видови кои предизвикуваат загриженост и нов вид мутиран сој, тие не се регистрирани кај доволно луѓе за да воспостават директна врска или да понудат објаснување за брзото зголемување на случаите во некои земји“, се вели во соопштение од Министерството.

Експертите од рускиот државен научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“  соопштија дека издвоиле нова верзија на јужноафриканскиот вид на коронавирусот, објави Службата за санитарен надзор и контрола („Роспотребнадзор“).

„Секвенционирањето на целиот геном покажа, покрај мутации што се карактеристични за јужноафриканскиот сој, присуство на две дополнителни делеции во гените ORF1ab и S“, се вели во соопштението.

Добиениот примерок бил испратен до Државната збирка на вируси, а истражувањето продолжува.

„Во најскоро време ќе се истражи ефективноста за неутрализирање на таа верзија на вирусот со серуми на луѓе кои прележале Ковид-19 или кои биле вакцинирани со руските вакцини“, се додава во соопштението.

Слични содржини