Откриена националноста на напаѓачите во возот во Велика Британија – се огласи полицијата

Десет лица беа избодени синоќа во воз за Кембриџшир, кој е оддалечен околу 80 километри од Лондон, по што две лица беа уапсени

од Nikola Popovski
25 прегледи

Шефот на британската сообраќајна полиција, Џон Лавлес, денес изјави дека вооружени полицајци влегле во возот и уапсиле две лица само осум минути откако службите за итни случаи биле повикани поради инцидентот во возот за Кембриџшир синоќа.

„Двајца мажи се во притвор. Станува збор за 32-годишен Британец со темна боја на кожа и 35-годишен британски државјанин со карипско потекло. Тие се уапсени под сомнение за обид за убиство“, изјавил Лавлес, пренесува Би-Би-Си.

Од деветте лица за кои се верува дека имаа повреди опасни по живот, четворица подоцна биле пуштени од болница, а две лица остануваат во критична состојба.

„Во оваа фаза нема ништо што укажува дека ова е терористички инцидент и непотребно е да се шпекулира за причината за овој инцидент“, рекол Лавлес и ги замолил граѓаните да ја контактираат полицијата доколку имаат дополнителни информации.

Десет лица беа избодени синоќа во воз за Кембриџшир, кој е оддалечен околу 80 километри од Лондон, по што две лица беа уапсени, по што полицијата објави дека станува збор за „сериозен инцидент“ и потврди дека единиците за борба против тероризмот ќе ја поддржат истрагата.

Британската полиција во текот на ноќта објави дека работи на утврдување на околностите и мотивите на инцидентот, како и дека националниот код „Плато“ бил користен како одговор на полицијата и службите за итни случаи на инцидентот, објави утрово „Гардијан“.