Жените кои имаат лоша орална хигиена имаат поголема веројатност да страдаат од екстремно тешки мигрени, покажа новото истражување. Покрај тоа, лошата орална хигиена може да предизвика и болки во стомакот и остатокот од телото.
Ова е прва студија во светот која ги идентификува оралните микроби кои се поврзани со специфични болни состојби, пишува sydney.edu.au.
Резултатите ја нагласуваат важноста на доброто орално здравје за ублажување на болката и подобрување на целокупното здравје. Тие, исто така, поттикнуваат понатамошно истражување за улогата на оралниот микробиом во услови на хронична болка. Ова вклучува фибромијалгија.
Истражувањето е спроведено во Нов Зеланд. Луѓето со најлошо орално здравје имале 60 отсто поголеми шанси да доживеат умерена до силна болка во телото и 49 отсто поголема веројатност да доживеат мигрена.
Генерално се поврзува со гадење и чувствителност на светлина и звук. Други симптоми вклучуваат повраќање, алодинија (невропатска болка), когнитивна дисфункција итн.
Експертите предупредуваат на важноста од редовни посети на лекар, заедно со миење заби два пати на ден и конец.