Откриена нова варијанта на коронавирусот: 3 причини зошто Делта плус ги загрижува лекарите

од Stefanija Kuzmanovska

Новата варијанта на коронавирусот, наречена „Делта плус“, претставува голема грижа за медицинските работници, пренесува Sky News.

Откриена е во неколку десетици примероци и има загрижувачки карактеристики – зголемена преносливост, посилно врзување на клеточните рецептори во белите дробови и потенцијално намалување на одговорот на моноклоналните антитела.

– Ние сме прилично загрижени за варијантата Делта плус, имајќи предвид дека таа има мутација што се припишува на бета верзијата која го избегна имунитет што го нуди вакцината на АстраЗенека – вели д-р Ланс Пинто, консултант во Хинду Националната болница.

– Загриженоста се однесува и на можноста за повторна инфекција, бидејќи има извештаи дека оваа варијанта на коронавирусот избегнува неутрализација со коктел со антитела.

Индиската програма за вакцинација започна на 16 јануари, а процесот на набавка на вакцини беше голем проблем. Иако досега се дадени околу 280 милиони вакцини, помалку од 4 отсто од возрасната популација ги прими двете дози, а само 17 отсто од населението ја прими првата доза.

Варијантата Делта плус на коронавирусот е пронајдена и во други девет земји – САД, Велика Британија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Полска, Непал, Русија и Кина – во споредба со оригиналниот многу заразен вид Делта, кој сега се прошири на 80 земји.

Слични содржини