Откриена причината за пожарот во новиот трговски комплекс во Битола

од Nikola Popovski
50 прегледи

Искра од апарат за заварување употребен при монтажа на декоративна фасада, го предизвика пожарот во трговскиот мол „Блис“ во Битола, при подготовка за отворање на објектот кое беше закажано на 5 август.

Како што информираат од „Беком Инвест“, сопственици на објектот, пожарот избувна вчера во попладневните часови, кога се запали фасаден панел, но со брза реакција на противпожарната единица пожарот беше локализиран.

Од „Беком Инвест“ велат дека предизвиканата штета не е голема, а за среќа нема повредни. Во Територијалната противпожарна единица во Битола дојавата за пожарот ја добиле околу 18 часот вчера, а огнот бил ставен под контрола еден час подоцна. Екипите целосно се повлекоа од објектот пред полноќ. Во гаснењето учествуваше и противпожарната единица на РЕК Битола.

Слични содржини