МВР соопшти дека извршен е претрес во домот и во помошните простории на 44-годишниот Б. Џ. од тетовското село Долна Лешница, при што пронајдени се голема количина евра, за кои се сомнева дека се фалсификувани.
„Денеска (12.03.2021) во периодот од 10.30 до 11.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории на Б.Џ. (44) во тетовска Долна Лешница. При претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани, обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи“, велат од полицијата.
Според објавеното, лицето Б.Џ. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 268 од Кривичниот законик („фалсификување пари“).