260
На 14.10.2023 во 13.50 часот крстосница за с.Црничани, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на товано возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење. Набргу, кај место викано „Сува Река“ на подрачје на Богданци, возачот го запрел возилото и го напуштил местото.
При преглед во возилото биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија, Египет, Индија и Палестина.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и прифатно-транзитен центар во Гевгелија.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.