Откриени детали од договорот меѓу Мбапе и Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Шпанските медиуми открија детали околу договорот на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе со Реал Мадрид.

Според „Ел Дебат“, Французинот ќе потпише 6-годишен договор со мадридскиот клуб со плата од 32 милиони евра годишно пред оданочување. „Белите“ ќе му платат на напаѓачот бонус од 100 милиони евра.

Мбапе ќе поседува и 60 отсто од правата на сите имиџ реклами, наместо традиционалниот договор 50:50 помеѓу клуб/играч.

Трансфер експертот Фабрицио Романо денеска објави дека Реал Мадрид е целосно уверен во потписот на Мбапе на лето.

25-годишниот напаѓач настапува за Пари Сен Жермен од август 2017 година. Оваа сезона има 29 гола и 7 асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини