Откриени детали за здравствената состојба на кралот Чарлс: Ракот е откриен во рана фаза

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Кралот Чарлс, на кого му е дијагностициран рак, е многу позитивен во однос на понатамошното лекување.

Семејството и пријателите велат дека се воодушевени од неговата одлучност да продолжи да ги извршува своите должности како што обично прави. Во овој момент се чини дека ракот е фатен во рана фаза и прогнозата е добра, пишува Daily Mail.

Во последните месеци, Чарлс често одел во замокот Виндзор во недела навечер за да помине време со принцот Вилијам, пишува The Sun, додавајќи дека таткото и синот стануваат се поблиски.

Бакингемската палата вчера објави дека лекарите откриле неодреден облик на рак за време на лекувањето на бенигната состојба на простатата.

Чарлс телефонски ги контактирал за да ги информира блиските членови на семејството, вклучително и отуѓениот син Хари, кој ќе дојде од Калифорнија да го види својот татко.

Не е познато каде ќе престојува војводата од Сасекс кога ќе ја посети Велика Британија.

На Хари му треба претходна дозвола од Бакингемската палата за да остане на кралскиот имот. Британските медиуми потсетуваат дека летово морал да ги врати клучевите од колибата Фрогмор кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштиле имотот. Неговото барање да остане во замокот Виндзор беше одбиено од палатата кога последен пат ја посети Обединетото Кралство во септември, а Хари на крајот престојуваше во хотел.

Ова ќе биде првпат тие да поминат значително време заедно во повеќе од 18 месеци. Кралските набљудувачи сега се прашуваат дали тоа би можело да навести „затоплување“ во односите.

Кралот Чарлс вчера во утринските часови пристигна во Лондон од својот имот во Сандрингам. Со него е и неговата сопруга Камила, а се очекува кралот да започне со лекување.

Камила одлучила да биде покрај својот сопруг, иако тој инсистирал да продолжи со работните обврски. Останатите членови на кралското семејство сега ќе мора да преземат некои должности, меѓу кои и принцот од Велс, кој наскоро ќе се врати на јавниот живот, иако неговата сопруга Кејт исто така има сериозни здравствени проблеми.

И покрај тоа што ги откажува сите свои јавни ангажмани, Чарлс инсистира да продолжи со своите „црвени кутии“, односно документи, а можеби дури и да организира помал број приватни тет-а-тет состаноци.

Daily Mail пишува дека кралот дознал за неговата дијагноза на почетокот на минатата недела, но инсистирал да оди во црква во Норфолк во недела и топло да ги поздрави граѓаните.

Слични содржини