Аргентинскиот иследник Педро Филипучи откри во Буенос Аирес, оригинална копија од списокот со 12.000 нацисти кои имаа сметки во швајцарска кредитна институција (Schweizerische Kreditanstalt), претходниците на денешната „Credit Swiss Bank“.
По повод ова откритие, центарот „Симон Визентал“ упати писмо до швајцарската банка: „Веруваме дека на овие заспани сметки се наоѓаат пари, ограбени од еврејски жртви“.
Од банката за АФП веат дека тие ќе ја истражат оваа афера, потсетувајќи дека веќе соработувале во истрагата за Волкер (1997-1999) кога истражувале за сметките на жртвите од нацистичкиот прогон.