Откриени се детали од договорот помеѓу Ридигер и Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Шпанска „Марка“ ги откри деталите од постигнатиот договор меѓу Реал Мадрид и дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер. Според истиот извор, остануваат само деталите и постапката за финализирање на договорот, која ќе биде официјализирана кога ќе дојде време. Целосната работа треба да се заврши на позитивен начин, освен ако не дојде до непредвидливи проблеми во последен момент.

Доколку се биде според планираното, стандардниот првотимец на лондонските „сини“ ќе пристигне во Реал како слободен играч, бидејќи актуелниот договор му истекува на крајот на јуни и нема да биде продолжен, пред се поради санкциите на британската влада, иако би било тешко да се одолее на поканата од „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, Рудигер ќе инкасира околу 11.000.000 евра годишно – со бонуси, кои за четири години би изнесувале 44.000.000 евра. Сепак, тука не завршуваат трошоците на „кралскиот клуб“, со оглед на тоа што се предвидува дека за провизиите треба да одат околу 15.000.000 евра. Така, вкупните реални трошоци со нето платата до 2026 година би изнесувале 59.000.000 евра.

Она што е најважно за клубот од Сантијаго Бернабеу, ќе добие искусен и сестран дефанзивец, кој може да покрие повеќе позиции во последната линија. Со неговото доаѓање, Карло Анчелоти би имал можност на поразновиден начин да го искористи Давид Алаба, кој предвидува дека следната сезона би можел повеќе да игра на позицијата лев бек.

Ридигер дојде во Челси од Рома во јули 2017 година за отштета од 35.000.000 евра, а досега за неполни пет сезони одигра 196 натпревари во сите натпреварувања и постигна 12 гола. Професионалната кариера ја започна во Штутгарт, каде што пристигна како млад, а првпат дојде во Рома во летото 2015 година на позајмица од 4.000.000 евра, по што беше купен за уште 9.000.000 милиони евра – една година подоцна.

Слични содржини