Откриено името на првиот европски висок функционер кој ќе ја прими руската вакцина против коронавирус

од Nikola Popovski
196 прегледи

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, одлучил да ја тестира руската вакцина против коронавирус.

„Драго ми е што господинот Головченко денес донесе одлука да ја прими вакцината. Сигурен сум дека сè ќе биде во ред“, рекол рускиот премиер Михаил Мишустин на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Мишустин потврдил дека Белорусија ќе биде првата земја на која Русија ќе ѝја достави вакцината против коронавирусот.

Голема делегација на руската влада предводена од премиерот Михаил Мишустин пристигнала денес во Минск.

Слични содржини