Откриено како бил нападнат Кримскиот мост? Се огласи Русија, тврди дека е употребено ова оружје

од Stefanija Kuzmanovska
693 прегледи

Кримскиот мост синоќа бил нападнат од украински дронови-чамци, тврдат од рускиот национален антитерористички комитет.

„Во 03:05 часот две украински беспилотни пловила го нападнаа Кримскиот мост. Во терористичкиот напад е оштетена коловозна компонента на Кримскиот мост. Две возрасни лица загинаа, а едно дете е повредено“, стои во соопштението.

За терористичкиот напад е поведена кривична постапка.

Итните служби работат на лице место, органите на прогонот ги спроведуваат сите потребни оперативни и истражни дејствија.

Слични содржини