Откриено кој е високиот маж кој ја испрати кралицата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Во поворката на кралицата Елизабета, личноста која најмногу ги привлече сите погледи беше маж кој е висок дури 217 сантиметри.

Во погребната поворка на кралицата Елизабета Втора беа вклучени војници, семејството и нејзиниот лојален персонал. Меѓу нив се издвојуваше маж кој беше многу повисок од сите други.

Мистериозниот висок маж е Метју Маги. Тој е висок 217 сантиметри, пренесуваат британските медиуми. Кралицата била висока 1,57 метри. Маги беше нејзиниот прв асистент, работејќи за неа четири години.


„Тој е кралскиот менувач на светилки“, се пошегуваа коментаторите на социјалните мрежи.

Во поворката кон Виндзор, Маги имаше црн костум и црна вратоврска и медал на сакото.

Метју Маги беше прв асистент на кралицата. Тој е висок 217 сантиметри. Маги е од Северна Ирска и беше ангажиран од Бакингемската палата во 2018 година да ја замени Саманта Коен. Пред тоа, тој беше прв асистент на принцот Едвард, а беше унапреден во Бакингемската палата бидејќи, како што пишува „Дејли Мејл“, имал одлична смисла за хумор и брилијантен ум.

Слични содржини