Откриено кој го уништил бракот на Џеф Безос: Братот на неговата љубовница продал сексуални пораки и фотографии за 200.000 долари

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Волстрит Џурнал соопшти дека “Американ медиа”, издавачот на Нешнал Инкуариер, платил 200 000 долари за да добие интимна преписка помеѓу главниот извршен директор на Амазон, Џеф Безос, и неговата љубовница Лорен Санчез.

Мајкл Санчез, братот на љубовницата на најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, продал слики и сексуални пораки испратени од Безос на сестра му, Лорен Санчез, на таблоидот.

Според американските медиуми, Мајкл Санчез добил 200.000 долари за нив.

Тој работи како агент за таленти во компанијата во сопственост на овој таблоид, и за врската на сестра си со најбогатиот човек на светот, зборувал уште минатата есен.

Плаќањето на Санчез било одобрено од американскиот медиски директор Дејвид Пекер, кој е долгогодишен пријател на американскиот претседател Доналд Трамп.

Веднаш по излегувањето на сторијата за врската на Безос со атрактивната Лорен Санчез на цели 11 страници, Безос и неговата сопруга Мекензи се разведуваат по 25 години брак.